Тоа е платформа наменета за вработените во училиште (наставници, директори, библиотекари и др.), кои работат во училиште во една од замјите кои се вклучени, со цел да комуницираат, соработуваат, да развиваат проекти, споделуваат и, накратко, да се чувствуваат и да бидат дел од највозбудливата заедница за учење во Европа. еТвининг е кофондирана од Еразмус+, Европската програма за образование, тренинг, млади и спорт.
eTwinning and School Education Gateway platforms will merge into the European School Education Platform: all the content and services will be under one roof. Check out the Question and Answers to know more!
Подготовките за покренување на новата Европска платформа за училишно образование се одвиваат со полна пареа. Од мај 2022 година, практичарите и засегнатите страни кои се дел од европското училишно образование ќе бидат поканети да ја истражат новата платформа, којашто со тек на време ќе прерасне во централно место за содржини, остварување контакти и професионален развој.
Во рамки на еТвининг, исто така, постои можност студентите-идни наставници да ги стекнат основните идни вештини, како планирање и водење проекти, меѓународни интеракции, тимска работа и пристап на инклузивно подучување. Со овие вештини, тие ќе можат да работат во меѓународни мрежи за настава, едукација и истражување.
Во 2022 година, двете платформи на Европската комисија, School Education Gateway и еТвининг, ќе се спојат во Европската платформа за училишно образование; сите содржини и услуги ќе бидат под една капа. До Европската платформа за училишно образование ќе се пристапува преку EU Login, сервисот на Европската комисија за автентикација на корисници.
Ова упатство ќе ве води низ процесот на креирање сметка на EU Login, која им овозможува на овластените корисници пристап до широка низа веб-услуги на Комисијата со користење на една адреса на е-пошта и една лозинка.