article image

Програмирање и култура: Поврзување на вештините за програмирање со културното наследство

Дали знаете дека можете да ги прославите еТвининг неделите и нашето разновидно културно наследство додека интегрирате некои елементи на програмирање и дигитална креативност во вашата училница?

Оваа година ќе имате можност со вашите ученици да ги истражите врските помеѓу дигиталните иновации, традицијата, културата и да ја регистрирате вашата активност на Вебсајтот Недела на Програмирање!

Без оглед на предметот што го предавате или вашето знаење за програмирање, лесно можете да организирате лекција за славење на културното наследство и програмирање во вашата училница. На пример, можете да побарате од учениците да создадат игра за да дознаат за романтизмот, да ги претворат историските документи во апликации или дури да создадат објект за дигитални медиуми за да дознаат повеќе за англиската ренесанса.

Можете исто така да ја симнете лекцијата културно наследство и визуелно програмирање и да ја реплицирате или прилагодите за употреба со вашите ученици. Можете да ја искористите оваа игра, создадена од нула за да ја поддржите лекцијата, и да се обидете да го сторите истото со вашите ученици. Ако ја извршите активноста со програмирање, можете да ја регистрирате на картата Code Week пред 21-ви октомври и да добиете сертификат од Европската Комисија.

Ако сакате да се пријавите за дополнителен предизвик, можете да учествувате во CodeWeek4all challenge, и да добијат сертификат за извонредност.

За крај, не заборавајте да го користите го хаштагот #codeweek во сите настани со програмирање и проекти кои планирате да ги организирате во eTвининг. Сите членови на заедницата се охрабруваат да поставуваат проекти на тема "Културното наследство" и програмирање .

Што чекате? Вклучете се во Неделата на Програмирање,приклучете се на Фејсбук групата, и осигурајте се да ја прикачите вашата активност на мапата.