Заедница

Приклучете се на мрежата

еТвининг заедницата ангажира стотици илјади наставници, кои учат едни од други, споделуваат практики и идеи и ја прават еТвининг најголемата мрежа на наставници во светот. eTwinning Live е домот на оваа заедница: најавете се со вашето корисничко име и започнете со eTвининг.

picture

Најдете го еТвининг во вашата земја

Дали знаевте дека 44 земји се вклучени во еТвининг, низ цела Европа и пошироко? Можете да проверите дали вашата земја е дел од еТвининг на картата на почетната страница. Ако е таму, на располагање ви е Национална служба за поддршка (NSS) или Агенција за поддршка на партнери (ПСА) да ви обезбеди поддршка на вашиот национален јазик, да го промовирате еТвининг низ целата земја, да организирате активности за професионален развој и многу повеќе.

picture

Амбасадори

Амбасадорите на еТвининг се од суштинско значење за еТвининг заедница. Тие се ентузијасти наставници со богато искуство кои водат еТвининг проекти, ги поддржуваат еТвинерите во нивните педагошки и технички проблеми и обезбедуваат обука на лице место преку Интернет.

picture

eTвининг училишта

еТвининг ја признава и акредитира вклученоста, посветеноста не само на еТвининери поединци, туку и на тимови наставници и раководители на училиштата во рамките на истото училиште. еТвининг ознаката го признава сработеното на училишно ниво и ги овластува овие училишта да бидат лидери во локалната и националната заедница. Внимавајте на пријавата за аплицирање.

picture

Пријатели

Запознајте ги пријателите на еТвининг. Пријателите на еТвининг се институции, организации и иницијативи кои нудат високо квалитетни ресурси, можности и идеи поврзани со нивната област на експертиза, помагајќи им на еТвинерите да ги подобрат своите вештини и знаења.

picture

еТвининг и School Education Gateway

еТвининг и School Education Gateway, и двете се европски иницијативи поставени за збогатување на вашата кариера. Секој има свој фокус и специфична понуда за секторот училишно образование. Овој инфо-лист беше заеднички создаден од двете иницијативи, за да ве информира за нивните уникатни услуги. Преземете го информативниот лист подолу и искористете го максимумот од вашето патување низ образованието во Европа!