Што представува еТвининг ознака за училиште?

еТвининг училиштата се одличен пример за тоа како училиштата можат да искористат од еТвининг.Тие се активни во промовирање на вредностите и педагогиите на еТвининг, се референтна точка во нивната локална заедница и претставуваат модел за другите училишта.

Label

еТвининг училиштата ја препознаваат важноста и вредностите на еТвининг и го вметнуваат во политиките, практиките и професионалниот развој на училиштето со поддршка на училишниот менаџмент.

Со еТвининг ознаката за училиште, еТвининг ја препознава и оценува вклученоста, посветеноста не само на поединечни еТвинери, туку и на целото училиште, каде што екипи на наставници и раководители на училиштата работат заедно.

Концептот за постигнување статус на еТвининг училиште е оној на развојно патување со компоненти што можат објективно да се проценат. Тоа не е конкуренција, туку повеќе напредување од едно ниво до друго.

Насоката на сите еТвининг училишта е eTвининг училишнта мисија.

Кои се бенефитите?

еТвининг училишта:

Наградените училишта, наставниците и директорите се охрабруваат да учествуваат во наменски програми за професионален развој и можат да бидат дел од еТвининг групата за да споделат добри практики, да соработуваат и да присуствуваат на специфични настани на Интернет.

Како може вашето училиште да добие еТвининг ознака за училиште?

Процесот за добивање на етивининг оснака за училишна има две фази

Фаза еден

автоматска проверка на следните три точки:

Ако училиштето ги исполни овие барања, сите регистрирани eTвинери во училиштето ќе добијат покана на меил за да пополнат формулар за апликација за самооценување достапен на eTwinning Live

Фаза два

Апликантите мора да пополнат апликација за само-проценка во име на училиштето.

Овој формулар за самооценување се врти околу 4 столбови на еТвининг:

Како да аплицирате

Совети:

БАРАЊА ЗА НИВО 2

Пред поднесувањето на апликацијата, апликантите мора да достават докази за исполнување на сите следни услови .

Списокот на еТвининг наградени училишта 2020-2021 ќе биде објавен кон крајот на март - почетокот на април 2021 година.

Внимание: само за овој круг на апликации и поради непредвидени околности заради КОВИД-19, овој услов (присуство на промотивни настани на еТвининг) ќе биде незадолжителен. Без оглед дали наставниците организирале настани или не, сите ќе добијат по 1 поен за ова прашање. Ве молиме, информирајте ги вашите колеги за ова.

Видете овде кои училишта имаат моментално добиено еТвининг ознака за училиште.

2018 - 2019 eТвининг награди за ознака за училиште

Притиснете овде за да ја видите целосната листа на наградени училишта.

2019 - 2020 eТвининг награди за ознака за училиште

Притиснете овде за да ја видите целосната листа на наградени училишта.

2020 - 2021 eТвининг награди за ознака за училиште

Притиснете овде за да ја видите целосната листа на наградени училишта.