еТвининг е заедница на училишта во Европа

еТвининг е платформа за училишен персонал (наставници, директори, библотекари итн) кој работи во училишта/предшколски институции во една од европските земји учеснички, за потребите да комуницираат, соработуваат, развиваат проекти, споделуваат и накратко, кои се дел он највозбудливата заедница за учење во Европа.

еТвининг ја промовира училишната соработика во Европа преку користење на информациско-комуникациска технологија (ИКТ) така што на училиштата им обезбедува поддршка, алатки и услуги. еТвининг исто така нуди можности за бесплатен и континуиран професионален развој на наставниците преку интернет.

Започната во 2015 како главна акција на Европската комисија во оквир на програмата за е-образовно учење, еТвининг е кофондирана од Еразмус+, Европската програма за образование, тренинг, млади и спорт од 2014.

Неговиот Централен сервис за поддршка е под управа на од European Schoolnet, која представува интернационално партнерство од 34 европски министерства за образование кои развиваат наставни програми за наставници и студенти низ цела Европа. еТвининг е истот така поджан на национално ниво од 38 Национални сервиси за подршка.

еТвининг Порталот

еТвининг порталот е влез кон светот на еТвининг. Достапен на 28 јазици, eTwinning.net нуди новини од еТвининг земјите, можности за професионален развој, информации за признанија како и примери за успешни проекти.

Со пристапување во еТвининг, наставниците можат да пристапат до:

eTwinning Live

Простор во кој наставниците можат да ги искусат сите можности на еТвининг заедницата. Наставниците можат да пронајдат други регистрирани еТвинери и училишта, да се поврзат со нив и да ги пратат нивните активности. Наставниците можат да пристапат до сите онлајн и онсајт настани организирани од еТвининг, а исто така можат да формираат и нивен настан.

Преку eTwinning live наставниците можат да креираат нивни проекти каде можат да постават низа активности на различна тема и клучни компетенции така што ќе соработуваат со двајца или повеќе наставнци и нивните ученици.

Наставниците можат да најдат онлајн можности за професионален развој кој еТвининг ги нуди на Европско ниво. Настаните за учење се кратки, интензивни и пријатни курсеви што ги запознаваат наставниците со темите, стимулираат идеи и им помагаат да ги развијат нивните вештини. Настаните за учење обично траат од 4-6 часа. Онлајн семинарите се видео сесии во живо во траење од еден час каде наставниците имаат можност да учат и дискутираат на разни теми.

Наставниците исто така можат да се приклучат на еТвининг Групите - виртуелни места каде еТвинерите се сретнуваат и дискутираат на разни теми и други области од нивен интерес. Постојат 14 групи координирани од ЦСС и модерирани од искусни еТвинери. Тие се:

  1. Coding at schools (Кодирање во училиште)
  2. English as a Second Language (Англиски како втор јазик)
  3. Entrepreneurship in education (Предприемништво во образование)
  4. Bringing eSafety into eTwinning projects (Е-безбедност во еТвиниг проекти)
  5. French as a Second Language (Француски како втор јазик)
  6. STEM (СТЕМ)
  7. Sustainable Schools Network (Одржлива училишна мрежа)
  8. Game-based classroom (Училница базирана на игра)
  9. Inclusive Education (Инклузивно образование)
  10. Creative Classroom (Креативна училница)
  11. Virgilio - Your eTwinning Guide (Виргилио-водич во еТвиниг)
  12. Gender - Know How to Stop Stereotypes (Род-како да се запрат стереотипите)
  13. Integrating Migrant Students at School (Нтегрирање на мигранти ученици во училиштата)
  14. School Leadership (Училишно водство)

eTwinning Live апликација

еТвининг мобилната апликација им овозможува на корисниците можност да пристапат до сервисите на eTwinning live и да испраќа нотификации на мобилните телефони. еТвинерите може да бидат во тек со настаните на eTwinning live платформата, благодарение на нотификациите на апликацијата и да водат наједноставни работи како што е прифакање на барање за пријателство.

Апликацијата е достапна за симнување на Apple App Store и Google Play Store, може да се користи на паметни телефони и таблети. Побрзајте и приклучете се на еТвининг мобилната заедница веднаш!

TwinSpace (Твинспејс)

TМестото каде етвининг магијата се случува е Твинспејсот, безбедна платформа видлива само за наставници кои учествуваат во проктот. Учениците истотака може да бидат поканети во Твинспејсот да се сретнат да соработуваат со учесници од партнеру чилишт.

School Education Gateway

Наставниците се добредојдени да го посетат School Education Gateway. Онлајн платформа во Европа за училишно образование, представено на 23 европски јазици. Наменето за наставници, училишни лидери, носачи на одлуки, експерти и други професионалци во училишното образование. Приклучете се денес и останете информирани за Европските политики за акциите во училиштата.